Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во рудникот Бучим: Двајца алпинисти загинаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
28082019_PVRSM-Zaev_Bucim_3

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“. Трагедијата се случи денес претпладне кога двајцата радовишани чистеле високо недостапни силоси, работа која ја извршувале како надворешни лица ангажирани од алпинистичкиот клуб „Плоча“, подизведувачи во рудникот. Засега е познато дека тие починале на пат кон болница, каде им подглегнале на повредите.

— реклама —

Од рудникот „Бучим“ преку известување го потврдуваат случајот, посочувајќи дека се известени сите надлежни органи. Според нивните информации, двете млади лица починале поради задушување.

— реклама —
— реклама —

„Известени и повикани се на лице место сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. По првична информација од службите, причината за смртта на двете лица е задушување. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени. “Бучим” ДОО Радовиш го искажува своето искрено сочувство до семејствата на починатите лица“ стои во официјалното известување од рудникот „Бучим“.

— реклама —

На терен се екипи и на МВР кои вршат увид, по што се најавени детали за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања