Промени тема
Контакт

Трајан Ангелоски е нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Trajan-Angeloski

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница. Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која успешно раководи повеќе од 10 години. Тој досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки.

Активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на Сојузот.

— реклама —
— реклама —

„Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа“, истакна Ангелоски.

— реклама —

На предлог на новиот претседател избрани се и тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора и Ивица Јакимоски претседател на Градежната комора, а потврдени се и досегашните потпретседатели Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и Габриела Кулебанова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања