Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
MitkoT

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицкоски за уапдот којшто власта го прави во независните регулаторни тела со кои ги прекинува законските мандати и ги партизира исклучиво со партиски кадри.

— реклама —

„Почитуван премиере Мицкоски, во текот на претходните месеци во ова собрание беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои се прекинуваат мандатите на членови на државните второстепени комисии и на независните регулаторни тела по сила на закон и тоа во скратена постапка.

— реклама —

Ова е досега невиден преседан во нашата држава, со единствена цел реализирање на партискиот интерес, односно поставување на партиски луѓе на независните регулаторни тела и второстепени комисии.

— реклама —

Се прекинаа мандатите на членовите на државната комисија за решавање во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на државната комисија за решавање по инспекциски надзор, на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на агенцијата за електронски комуникации, на комисијата за заштита на конкуренцијата, а во собраниска процедура се предлози за разрешување на членовите на агенцијата за супервизија на осигурувањето и на дел од членовите на регулаторната комисија за енергетика“, кажа Митко Трајчулески.

„Класичен партиски упад во скоро сите комисии и регулаторни тела во државата кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт.

Без никаква анализа и без било какви јавна и стручна дебата, а со класична злоупотреба на законодавниот дом се врши брутална партизација на овие самостојни институции и регулаторни тела.

Поставувањето на новите функционери, најголем дел од нив истакнати членови на партиите на власт само ја потврди претходно искажаната загриженост на опозицијата за партизацијата на овие институции.

Создадовте пракса дека државата започнува со промена на секоја власт, создадовте перцепција дека Државата тоа сум јас, или во македонски услови Државата тоа е партијата.

Најеклатантен пример е назначувањето на Орце Симов, претседател на партиската комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО ДПМНЕ и Ангелка Диневска претседател на унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Битола за членови на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Ова назначување е спротивно на член 18 став 1 од Законот за електронски комуникации.

Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со “хард кор” партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите.

Премиере Мицковски, едно од вашите стожерни ветувања во предизборната кампања, но и како избран премиер на државата беше воведување на мерит систем, или систем на заслуги во јавната управа. Систем според кој треба да се креираат фер и правични услови и систем кој ќе го цени знаењето и искуството, а не политичката опција на која луѓето припаѓаат.

Ќе ве цитирам: “Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“, затворен цитат. Изјава дадена од страна на премиерот Христијан Мицкоски пред еден ден.

Народски кажано, не ме гледајте што правам, слушајте што зборувам.

Моето прашање почитуван премиере е дали системот на заслуги кој го промовиравте пред изборите, и кој декларативно го промиварате и денес како избран премиер, во реалноста се трансформира во систем на партиски заслуги?“, изјави Митко Трајчулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 22 минути

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 5 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања