Трајковски алармира: Од ОХИС се шири неподнослив мирис, граѓаните стравуваат од линданот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryki0q1gpj89ch1dFxYnH

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, предупреди дека во околината на фабриката ОХИС се шири силен и непријатен мирис, кој предизвикува страв кај граѓаните дека може да е поврзан со токсичниот линдан складиран таму.

— реклама —

„Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што населението од Пинтија, Усје и Градинар информира дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката. Сосема оправдано стравуваат дека причинител на ова може да е линданот“, напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук.

— реклама —

Тој побара од надлежните институции веднаш да реагираат со:

— реклама —

• итна инспекција и мерења на загаденоста на терен,

• јавно информирање за изворот на мирисот и утврдување дали е поврзан со линданот,

• привремени мерки за заштита на локалното население, доколку мерењата покажат токсичност.

„Здравјето на нашите сограѓани е во прашање – неопходно е веднаш да се реагира“, нагласи Трајковски, додавајќи дека доколку биде избран за градоначалник, ќе преземе сè што е во негова надлежност за заштита на здравјето на граѓаните.

Линданот во ОХИС со години претставува една од најголемите еколошки закани во земјава. Дел од залихите се уште не се безбедно отстранети, а стручната јавност повеќепати предупредувала дека секое нарушување на складираните депонии може да има сериозни последици по здравјето на населението и животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ohis-golema-mala-deponija

Државата уверува: Не истекува линдан во Охис

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања