Трајковски, Глигоров и Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
243074988_571729380914210_9129645778269070569_n

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев се најпопуларните политичари во изминатите три децении, оцениле испитаниците опфатени со истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања „МК91“, по повод 30 години од независноста на државата.

— реклама —

Од вкупниот број испитаници, 42 отсто дале највисока оценка 5 за поранешниот претседател Борис Трајковски, 33 отсто дале оценка 5 за поранешниот претседател Киро Глигоров и 21,1 отсто дале петка за поранешниот премиер Никола Кљусев.

— реклама —

Според резултатите од истражувањето, 43,1 отсто сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6,9 отсто во однос на оние што имаат спротивен став.

— реклама —

Како најпозитивни нешта изминатите три децении испитаниците ги посочуваат стекнувањето на независноста на државата (15 отсто), процесот на интеграција и самата интеграција во ЕУ и во НАТО (6,3 отсто) и напредокот и модернизацијата на земјата (2 отсто).

Негативни нешта, според испитаниците, се криминалот и корупцијата (12,7 отсто), економијата и животниот стандард (7,1 отсто) и политичката нестабилност (3,1 отсто).

– Во овој дел важно е да се укаже дека високи 70 отсто од испитаниците не можат или не знаат да одберат кој настан е најпозитивен во изминатите 30 години, како и 56,8 отсто од испитаниците кои не можат или не знаат да одберат кој настан е најнегативен изминатите три децении – велат од фондацијата „Конрад Аденауер“.

Поддршка за Охридскиот рамковен договор даваат 46,3 отсто од испитаниците, 38,5 отсто го поддржуваат потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, а 41,5 отсто Преспанскиот договор.

Членството во НАТО го поддржуваат 59,8 отсто, а 38 отсто позитивно го оценуваат процесот на евроинтеграција.

Во однос на западните држави-сојузници, највисоки оценки има за Германија (69,5 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење за неа) и за САД (57,4 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење).

Позитивни оценки дибиле и Кина (60,2 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење), Русија (61,6 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење) и Турција (79,5 отсто имаат добро, многу добро или одлично мислење).

За 35,6 отсто од испитаниците, во следните три децении државата ќе се развива подобро, за 22,6 отсто ќе се развива полошо, а за 16,6 отсто државата ќе има сличен развој како и досега.

– Ова значи дека за 13 отсто е поголем бројот на испитаниците кои позитивно гледаат на развојот на државата во следните 30 години, што упатува на заклучокот дека постои изразено ниво на оптимизам кај испитаниците во однос на иднината на Северна Македонија, а причините за тоа треба да се бараат во посилниот државотворен капацитет на граѓаните, како и во нивната приврзаност кон остварената независност на државата – оценуваат од „Конрад Аденауер“.

Истражувањето е спроведено во август и со него се опфатени 1.110 испитаници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања