„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трамп: „Ако Иран почне да ги убива демонстрантите, доаѓаме во помош, подготвени сме и вооружени“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy


Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот режим дека САД ќе реагираат доколку дојде до насилно задушување на протестите во земјата. Неговата изјава доаѓа среде протестите кои со денови се шират низ државата, а во кои досега загинале шест лица.

— реклама —

„Доколку Иран пука и насилно убива мирни демонстранти, што им е вообичаена практика, САД ќе им притекнат во помош. Подготвени сме и вооружени. Благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, порача Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Што се случува во Иран?

— реклама —

Немирите што веќе петти ден ја потресуваат земјата поради наглиот раст на трошоците за живот ескалираа во смртоносни судири меѓу демонстранти и безбедносните сили. Според извештаите, загинале најмалку шест лица, а протестите, кои започнаа во Техеран, се проширија низ целата земја. Многу демонстранти сега повикуваат на заминување на врховниот лидер и крај на клерикалната власт.

Новинската агенција Фарс и организацијата за човекови права Хенгау известија за жртвите. Според Фарс, две лица загинале во судирите во градот Лордаган на југозападот од земјата, уште три во Азна, а едно лице во Кухдашт, градови на западот од Иран. Фарс не наведува дали загинатите се демонстранти или припадници на безбедносните сили.

Од друга страна, Хенгау наведува дека двете лица убиени во Лордаган биле демонстранти, идентификувајќи ги како Ахмад Џалил и Сајад Валаманеш. BBC Persian не можеше независно да ги потврди овие информации.

Државните медиуми посебно објавија дека во средата навечер во Кухдашт бил убиен припадник на безбедносните сили поврзан со Иранската револуционерна гарда (IRGC). Демонстрантите, пак, тврдат дека убиениот маж бил еден од нив и дека бил застрелан од безбедносните сили. Во истата област, според државните медиуми, биле повредени уште 13 полицајци и припадници на паравоената формација Басиж.

Валутата како повод

Протестите започнаа во Техеран меѓу трговците, огорчени поради уште еден остар пад на вредноста на иранската валута во однос на американскиот долар. До вторник им се приклучија и студентите, а незадоволството се прошири во неколку градови, каде што се слушаат повици против власта. Снимките што кружат на социјалните мрежи, чија автентичност е потврдена од BBC Persian, прикажуваат улични судири и запалени автомобили во Лордаган, Техеран и Марвдаш.

Иако станува збор за најмасовни протести по она во 2022 година, поттикнато од смртта на Махса Амини, засега тие не го достигнаа истиот обем.

Реакцијата на властите

Во средата ширум земјата беа затворени училишта, универзитети и јавни установи. Властите тоа го оправдаа со потребата за заштеда на енергија поради студеното време, но многу Иранци веруваат дека станува збор за обид да се спречат немирите. Во делови од Техеран каде што започнаа протестите сега е забележливо засилено присуство на безбедносните сили.

Претседателот Масуд Пезешкијан изјави дека неговата влада ќе ги сослуша „легитимните барања“ на демонстрантите. Од друга страна, главниот јавен обвинител Мохамад Мовахеди-Азад упати остро предупредување, велејќи дека секој обид за создавање нестабилност ќе наиде на, како што рече, „решителен одговор“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања