Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп бара повторно отворање на Алкатраз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryp50ioiu88h8m9RGP5te
фото: unsplash

Американскиот претседател Доналд Трамп во новиот предлог-буџет бара од Конгресот 152 милиони долари за повторно отворање на озлогласениот затвор Алкатраз, јавува германската агенција dpa.

Предлог-буџетот за фискалната 2027 година, кој Белата куќа го објави доцна во петокот, предвидува средства за обнова на Алкатраз како „врвен и безбеден затворски објект“.

— реклама —

Средствата би ги покриле трошоците за првата година од проектот и се дел од пошироко барање од 1,7 милијарди долари за финансирање на „затвори кои се распаѓаат“ во САД.

Трамп уште минатиот мај изјави дека им дал наредба на надлежните власти да го обноват и повторно да го отворат затворот.

— реклама —

Познат како „Карпата“, Алкатраз бил еден од најстрого чуваните затвори, сместен на остров во заливот на Сан Франциско.

— реклама —

Островот 29 години служел како место за најопасните криминалци, а последните затвореници биле ослободени во 1963 година.

Се сметало дека бегство од Алкатраз е невозможно, а меѓу најпознатите затвореници биле Ал Капоне, Џорџ „Машин Ган“ Кели, Алвин „Крипи“ Карпис, Роберт Страуд.

— реклама —

Затворот почнал со работа во 1934 година, а во него казна издржувале вкупно 1.576 лица.

Денес, Алкатраз е музеј и туристичка атракција, кој годишно го посетуваат околу 1,2 милиони луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 2 дена

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 2 дена

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања