Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трамп дозволи продажба на далекуметни ракети за Украина во вредност од 825 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за продажба на нова класа далекуметни ракети на Украина во вредност од 825 милиони долари, што претставува прв ваков пакет од почетокот на војната. Станува збор за проектили Extended Range Attack Munition (ERAM), со дострел до 400 километри, кои на украинската армија ќе ѝ овозможат да погодува руски цели и инфраструктура стотици километри зад фронтот.

— реклама —

Пакетот предвидува 3.350 ракети, соодветна опрема, софтвер за планирање мисии, резервни делови и техничка поддршка. Крајната одлука треба да ја донесе американскиот Конгрес, пренесува Kyiv Post.

— реклама —
— реклама —

Финансирањето е предвидено преку меѓународната програма Jump Start, во која учествуваат Данска, Норвешка и Холандија, а дополнителни средства ќе бидат обезбедени преку американската програма Foreign Military Financing. ERAM се смета за ефикасно, но значително поевтино оружје во споредба со класичните крстосувачки ракети, овозможувајќи масовни и прецизни удари по пониска цена.

— реклама —

Оваа одлука доаѓа веднаш по новата серија смртоносни руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 23 лица, а шест градски квартови останаа во урнатини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања