Промени тема
Контакт

Трамп им забрани пристап на CNN, MS NOW и Politico, најавија тужба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

CNN, MS NOW и Politico ја известија администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе преземат правни мерки поради одлуката со која на нивните новинари им е забранет пристапот до Белата куќа.

Новинарите на трите медиуми во саботата биле спречени да влезат во Белата куќа, само еден ден откако Трамп изјавил дека им го забранува пристапот поради известување кое го оцени како „лажни вести“.

— реклама —

Репортерката на CNN, Бетси Клајн, и Акајла Гарднер од MS NOW во живо известиле дека биле запрени на влезот и дека нивните новинарски акредитации биле деактивирани. Набргу потоа, Politico објави дека и на неговата репортерка Чејен Хаслет ѝ бил одбиен влезот и ѝ била одземена акредитацијата.

Трите медиуми претходно најавија дека правно ќе се спротивстават на одлуката, а во понеделникот потврдија дека до администрацијата испратиле известување за поднесување тужба.

— реклама —

Во заедничката изјава тие наведоа дека Белата куќа, без претходно известување или постапка, им ги укинала акредитациите на новинарите поради несогласување со начинот на кој медиумите известувале.

— реклама —

Според медиумите, доколку ваквата практика остане без правен предизвик, би можела да има последици врз слободата на медиумите и правото на јавноста да има пристап до независно новинарство без мешање од страна на власта.

Претседателката на Здружението на дописници од Белата куќа, Џеки Хајнрих, повика администрацијата на Трамп веднаш да им го врати пристапот на трите медиуми.

— реклама —

Таа оцени дека последиците од одлуката не се ограничуваат само на овие медиумски организации, бидејќи критериумот според кој медиум може да биде исклучен поради своето известување, како што предупреди, во иднина би можел да се примени и врз други медиуми.

Забраната за пристап на CNN, MS NOW и Politico е најнов пример за конфликтите меѓу администрацијата на Трамп и медиумите за време на неговиот втор мандат. Трамп и претходно јавно критикуваше одредени медиуми и новинари, додека администрацијата преземаше и регулаторни и правни мерки против некои од нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 3 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 3 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања