Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Имав многу добар разговор со Путин, очекувам брз крај на војната во Украина и во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека Иран може да воспостави контакт со САД доколку сака да преговара за завршување на војната.

— реклама —

Тој истакна дека, како што рече, постојат отворени комуникациски канали и дека Техеран може да се обрати директно до Вашингтон. Трамп додаде дека ја откажал планираната посета на неговите специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Исламабад, каде што престојува иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

— реклама —

Американскиот претседател изрази уверување дека конфликтот со Иран ќе заврши во краток рок и дека САД ќе излезат како победници, нагласувајќи дека, според него, Исламската Република нема да продолжи со развојот на својата нуклеарна програма.

— реклама —

Трамп истовремено упати критики кон сојузниците во НАТО, оценувајќи дека не даваат доволна поддршка на САД. Како пример ја наведе Велика Британија, наведувајќи дека нејзините најави за поддршка доаѓаат предоцна.

— реклама —

Тој додаде и дека имал, како што рече, „многу добри разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека се работи на изнаоѓање решение и за војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган и Трамп разговараа за војните во Украина и на Блискиот Исток

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

Новиот шеф на кабинетот на Белата куќа: Трамп ја спаси Америка

Свет | пред 15 часа

media-library7ndohbeu9nk375LKprR

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа, наводно се заканувал дека ќе го убие Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп му дава шанса на дипломатското решение, Венс посредува во разговорите со Техеран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања