Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Трамп испрати 4.000 маринци во Карибите – целта се нарко-картелите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
marinci-karibi-karteli

Соединетите Американски Држави започнаа голема воена операција во Латинска Америка и Карибите, насочена кон сузбивање на нарко-картелите. Според информациите на CNN, распоредени се над 4.000 маринци и морнари, како дел од стратегијата на претседателот Доналд Трамп за борба против криминалните групи што се прогласени за глобални терористички организации.

Во наредните 36 часа, пред брегот на Венецуела треба да пристигнат три американски разорувачи опремени со ракетниот систем „Егис“ – „УСС Грејвли“, „УСС Џејсон Данам“ и „УСС Сампсон“.

— реклама —

Покрај воените бродови, во поширокиот регион ќе бидат распоредени и шпионски авиони П-8, дополнителни морнарички единици и најмалку една нападна подморница. Процесот ќе трае неколку месеци, а акциите ќе се спроведуваат во меѓународни води и воздушен простор.

— реклама —

— реклама —

– Поморските сили може да се користат не само за разузнавачки и надзорни мисии, туку и како основа за насочени напади, доколку биде донесена таква одлука – изјавил висок функционер за американските медиуми.

Администрацијата на Трамп ја истакнува борбата против нарко-клановите како еден од своите приоритети, поврзувајќи ја и со намалување на миграцијата и зајакнување на јужната граница на САД.

Во последните неколку месеци, Вашингтон веќе испрати дел од своите воени бродови во регионот и го засили воздушниот надзор врз мексиканските картели, собирајќи информации за нивното делување со цел нивно потиснување.

фото: Х

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања