Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Испративме оружје за иранските демонстранти преку Курдите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД испратиле оружје наменето за иранските демонстранти преку курдските сили, со што, според оценките, ги потврдил минатомесечните информации на Си-Ен-Ен. Тој тоа го соопштил во утринско интервју за дописникот на Фокс њуз, Треј Јингст.

— реклама —

„Им испративме многу оружје. Го испративме преку Курдите“, пренесе Јингст, повикувајќи се на телефонски разговор со Трамп. Новинарот додаде дека американскиот претседател смета оти курдските сили го задржале оружјето за себе.

— реклама —

Си-Ен-Ен минатиот месец објави дека САД вооружуваат курдски групи со цел поттикнување народен бунт во Иран. Според тие информации, планот бил вооружените курдски сили да влезат во судир со иранските сили, со што би им се олеснило на цивилите да излезат на улиците и да протестираат.

— реклама —

По тие објави, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека целите на САД не се засноваат на вооружување на одредени групи.

— реклама —

„Ниту една наша цел не почива на поддршка за вооружување на некоја конкретна сила. Свесни сме што можеби прават други актери, но нашите цели не се насочени кон тоа“, изјави тогаш Хегсет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања