Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп ја обвини „Фокс њуз“ за изборниот пораз на републиканците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон телевизиската мрежа „Фокс њуз“, обвинувајќи ја дека придонела за изборниот пораз на републиканците на меѓуизборите во САД, откако демократите, според првичните проекции, ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.

— реклама —

Трамп реагираше на гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, во програмата на телевизијата, кого го нападна во објава на социјалните мрежи. Тој го нарече најлош градоначалник во историјата на Њујорк и го обвини за штетата што, според него, му ја нанел на градот.

— реклама —

Американскиот претседател потоа директно ја обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, замерувајќи ѝ што редовно поканува претставници на Демократската партија во своите емисии.

— реклама —

Претходно Трамп им ја честиташе победата на демократите и призна дека прашањето за Иран било еден од факторите што влијаеле врз изборните резултати. Сепак, тој ја отфрли оценката дека станува збор за негов личен пораз, наведувајќи дека неговото име не било на гласачкото ливче.

— реклама —

Според медиумските проекции, демократите ја презеле контролата врз Сенатот и Претставничкиот дом, што би можело значително да ја отежни реализацијата на законодавната програма на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Европските дипломати предупредуваат: Победа на демократите може дополнително да ги влоши односите со Трамп

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Анкетите најавуваат тежок пораз за Трамп, но колку се точни прогнозите?

Свет | пред 1 ден

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Трамп најави помилувања за своите соработници, подготвен да го заштити и Илон Маск

Свет | пред 1 ден

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

(Видео) Трамп: Велат дека Кина нè шпионира, па и ние ги шпионираме нив – не грижете се

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања