Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп ја заострува реториката: Опаметите се, го нема више доброто момче, расте цената на нафтата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон повторно ескалираат, откако Иран ги обвини САД за „пиратерија“ и заплена на бродови, со најава за можен воен одговор од страна на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

— реклама —

Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) и утрово гаѓаа цели на југот на Либан, тврдејќи дека мета се позиции на Хезболах. Техеран го повика Советот за безбедност на ОН да го принуди Тел Авив да ги запре нападите, предупредувајќи на можни сериозни последици од понатамошна ескалација.

— реклама —

На светските пазари, неизвесноста веќе се чувствува – цената на нафтата порасна од 112 на 114 долари за барел, што дополнително ги засилува стравувањата од пошироки економски последици.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја заостри реториката, изјавувајќи дека Иран „не може да се среди“ и дека „подобро би било наскоро да се вразуми“ кога станува збор за нуклеарниот договор.

— реклама —

„Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро би било наскоро да се вразумат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Покрај пораката, тој објави и фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која држи оружје, со експлозии во позадина и натпис „No more Mr. Nice Guy”( Го нема веќе доброто момче), дополнително подгревајќи ја веќе напнатата атмосфера на Блискиот Исток.

media-libraryvnm2kdq2tm3p22vycJe

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 1 ден

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 2 дена

media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 2 дена

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања