Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Спорт
media-librarybbq9dv554n957jlc7Y6

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се одигра во недела од 21 часот, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Информацијата претходно ја најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а со потврдата од Белата куќа стана официјално дека Трамп ќе биде меѓу високите гости на завршниот натпревар на турнирот.

Неговото присуство доаѓа во период кога сè уште се водат дебати за одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Според медиумски информации, Трамп наводно контактирал со Инфантино и побарал да биде преиспитан црвениот картон на напаѓачот, по што ФИФА ја укинала казната и му дозволила настап во осминафиналето против Белгија.

— реклама —

ФИФА не ги потврди овие тврдења, а одлуката предизвика бројни реакции во фудбалската јавност бидејќи, според критичарите, ниту еден друг црвен или жолт картон на турнирот не бил поништен и покрај поднесените жалби од други репрезентации.

Балогун настапи на натпреварот против Белгија, но САД беа поразени со убедливи 4:1.

— реклама —

Трамп и претходно присуствуваше на големи спортски настани во САД, меѓу кои Супербоул, финалето на НБА, УС Опен во тенис и Рајдер купот. Минатата година тој го врачи трофејот на победникот на Светското клупско првенство, кое исто така се одржа во САД.

— реклама —

Овогодинешното Светско првенство заеднички го организираат САД, Канада и Мексико, а завршницата се игра во САД. Во натпреварот за третото место ќе се сретнат Англија и Франција, додека за светската титула ќе се борат Аргентина и Шпанија.

Победникот на Светското првенство, покрај традиционалниот трофеј и медалите, годинава за првпат ќе добие и шампионски прстени, по примерот на професионалните американски спортски лиги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library39jd1hm4mn29dXl4vb0

Дали е загрозено финалето на Светското првенство? Димот од пожарите создаде проблеми во Њујорк

Спорт | пред 6 часа

media-librarytfdgd2vo6th183vSJni

FIFA воведува шампионски прстени за светскиот првак

Спорт | пред 13 часа

media-libraryp9gjmi4cknv4bumdANe

Аргентина ја совлада Англија со 2:1 и избори финале против Шпанија на Светското првенство

Спорт | пред 1 ден

media-libraryej6s3ojhbtgd3SSqQCM

(Видео) Масовна тепачка меѓу аргентински навивачи пред дуелот со Англија

Спорт | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања