„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трамп: Мојата средба со Путин се договара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се организира средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

„Тој сака да се сретнеме и ние тоа го договараме. Тој дури и јавно го кажа тоа, и мораме да ставиме крај на оваа војна“, рече Трамп пред средбата со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Истовремено, тој не понуди временска рамка во која треба да се одржи оваа средба.

— реклама —

Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на инвазијата на Москва на Украина која започна во февруари 2022 година, но ги зголеми и стравувањата во Киев дека брзиот мировен договор може да има висока цена за Украина, анализира Ројтерс.

Имено, некои од советниците на Трамп изнесоа одредени предлози за завршување на војната, со што во догледна иднина практично ќе и се остават големи делови од земјата на Русија.

Од почетокот на руската инвазија, САД под претседателот Џо Бајден и обезбедија на Украина воена и безбедносна помош вредна повеќе од 175 милијарди долари. Сепак, неизвесно е дали помошта ќе продолжи со тоа темпо под Трамп, кој рече дека сака брзо да ја заврши војната.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно во четвртокот изјави дека Путин ќе ја поздрави желбата на Трамп за контакт, но дека досега нема официјални барања. „Посоодветно би било прво да се чека Трамп да ја преземе функцијата“, рече Песков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања