Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп најави „економска војна“ против Иран, Техеран возврати со остри критики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh
unsplash

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го критикуваше најавениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за засилен економски притисок врз Техеран, оценувајќи дека станува збор за продолжување на „политика осудена на пропаст“.

Арагчи на социјалната мрежа „Икс“ порача дека таканаречениот „економски ден Д“ има цел да го пренасочи вниманието од економските проблеми со кои, според него, се соочуваат САД.

— реклама —

„Продолжувањето на политиките осудени на пропаст само ќе доведе до нови порази и непријателство кон Иранците“, напиша иранскиот министер. Тој истовремено го обвини Вашингтон дека со својата политика претставува закана за меѓународната економија и суверенитетот на државите.

— реклама —

Трамп вчера преку својата мрежа „Truth Social“ најави „најголема економска операција против една земја во историјата“ и зборуваше за „досега невидена економска војна“, но не откри конкретни детали за мерките што ги разгледува Вашингтон. Американскиот претседател исто така се закани со „страшни“ економски последици за секоја земја што ќе му помага на Иран.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон дополнително се продлабочија по израелско-американските воздушни напади од 28 февруари, на кои Иран возврати со напади врз земји во регионот кои се сојузници на САД. Во меѓувреме, преговорите се во застој.

— реклама —

Иран и натаму го блокира Ормускиот Теснец, стратешкиот поморски коридор низ кој пред почетокот на конфликтот минувала околу една петтина од светската нафта. Неговото повторно отворање е меѓу приоритетите на САД, кои во меѓувреме воведоа блокада на иранските пристаништа.

Трамп веќе подолг период ја спроведува политиката на „максимален притисок“ врз Иран преку економски санкции. Мерките повторно беа воведени по неговото враќање во Белата куќа во јануари 2025 година, продолжувајќи ја политиката што ја применуваше и за време на првиот претседателски мандат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања