Промени тема
Контакт

Трамп: Понекогаш е потребна копнена операција, имаме луѓе што ќе ја извршат наместо нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста за копнена воена операција во конфликтот со Иран, но порача дека не сака такво сценарио и дека постојат „други луѓе“ кои би можеле да ја извршат наместо американските сили.

— реклама —

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп на прашањето дали е можна копнена војна со Иран одговори: „Не сакам да го направам тоа. Понекогаш е потребна копнена операција, но имаме други луѓе кои ќе го одработат тоа за нас“, без да прецизира на кого мисли.

— реклама —

Воените аналитичари оценуваат дека евентуална копнена операција би можела да биде насочена кон стратешки цели, како што се островот Харг – главниот терминал за извоз на иранска нафта, или јужниот брег на Иран покрај Персискиот Залив.

— реклама —

Според анализите, секое искрцување на иранскиот брег би било исклучително сложена и ризична операција. Експертите предупредуваат дека современите беспилотни летала, минираните пристапи, артилеријата и противбродските системи значително ја зголемуваат предноста на бранителите во ваков тип операции.

— реклама —

И покрај тоа, американската војска веќе има значително присуство во регионот. Според Пентагон, во областа е распоредена 11. експедициска единица на маринците со повеќе од 2.000 војници, сместени на амфибиската борбена група околу бродот „УСС Боксер“. Во состојба на висока готовност е и 82. воздушнодесантна дивизија, која може да биде распоредена во рок од неколку часа за извршување специјални операции или заземање клучни објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: „Како може ова да се случи?“

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: На сите мажи им забранивме да се натпреваруваат во женски спортови, освен на Родман и Кантер

Свет | пред 10 часа

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: „Одбивме да ѝ испратиме оружје на Украина бидејќи не може да го користи“

Свет | пред 1 ден

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп избегна директно да го поддржи Нетанјаху пред изборите во Израел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања