Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп повторно му се закани на Иран: „Во одреден момент ќе мора да зададеме силен удар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати воени закани кон Иран, најавувајќи дека САД можеби ќе мора да извршат силен напад, и покрај дипломатските напори за спречување нова ескалација на конфликтот.

— реклама —

Говорејќи пред свои поддржувачи во сојузната држава Ајова, Трамп изјави дека засега се воздржува од воена акција бидејќи сака да избегне човечки жртви.

„Единствената причина поради која сè уште не сум се пресметал со Иран е тоа што сакам да бидам внимателен. Сакам да се обидам да спасам животи, ако тоа е можно. Но, во одреден момент ќе мора да им зададеме силен удар“, рече Трамп.

— реклама —

Тој претходно им изјавил на новинарите дека САД имаат уште една или две цели во Иран што планираат да ги нападнат. Меѓу нив ја споменал и планината Пикекс во покраината Исфахан, за која постојат сомневања дека крие подземен нуклеарен објект.

— реклама —

Новите закани доаѓаат во време на преговори чија цел е да се спречат нови американски и израелски напади врз Иран. Конфликтот започнал на 28 февруари.

Според извештаите на американските медиуми, Трамп во саботата разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за преговорите со Техеран и можноста за продолжување на воените операции.

— реклама —

Нетанјаху наводно се залагал за напад веднаш по изборите за американскиот Конгрес, закажани за 3 ноември. Трамп, од друга страна, бил повеќе наклонет да ѝ даде дополнително време на дипломатијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

(Видео) Трамп: Имам две сестри, едната почина, другата е убава, но не сакав да бидам во врска со неа

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп подготвува план Б: Ако демократите го преземат Конгресот, ќе продолжи да управува со извршни наредби

Свет | пред 3 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) „Одвратен си, изгледаш ужасно“: Трамп со жестоки навреди кон новинар откако му поставил непријатно прашање

Свет | пред 2 дена

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања