Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Разочаран сум поради Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот американски предлог за завршување на руската агресија во Украина. Според него, САД веќе воделе разговори и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинските претставници, вклучително и со самиот Зеленски.

„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште го нема прочитано предлогот, а тоа беше пред неколку часа“, рече Трамп, додавајќи дека Москва формално би сакала да ја контролира цела Украина, но дека „Русија, верувам, е во ред со предлогот“. Тој, сепак, истакна дека не е сигурен дали Киев ќе прифати

— реклама —

На Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер од четвртокот одржуваат серија состаноци со украински претставници. Меѓу нив биле поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Пред тоа, во Москва, делегацијата на Трамп одржала петчасовна средба и со Владимир Путин.

— реклама —

При крајот на разговорите на Флорида, Зеленски телефонски се приклучил на средбите, оценувајќи ги како „конструктивни“.

Во своето редовно видео-обраќање, Зеленски потврди дека САД ги знаат украинските позиции.

— реклама —

„Американските претставници ги знаат основните украински ставови. Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, изјави тој.

Не е познато како се развивал американскиот мировен план од 28 точки во изминатите три недели, но остануваат неразрешени клучните прашања – статусот на окупираните територии и евентуалните американски безбедносни гаранции за Украина.

Москва тврди дека е отворена за преговори и ја обвинува Украина и Западот дека го блокираат мирот. Киев и неговите сојузници, пак, велат дека Русија ја користи дипломатијата за да ги зацементира територијалните придобивки од војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 7 часа

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Зеленски ѝ честиташе на Србија за изборниот исход: „Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“

Свет | пред 4 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Нема да дозволиме Путин да победи, но одлуките на Трамп му носат пари за војната

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања