Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз производството на дизел поради војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на прекин на војната во Украина, откако зачестените украински напади врз руските енергетски објекти придонесоа за нов раст на цените на дизелот во Русија.

— реклама —

Трамп на социјалната мрежа Truth Social оцени дека Русија поради војната со Украина „изгубила контрола“ врз својата индустрија за производство на дизел. Тој наведе дека голем број рафинерии се оштетени и привремено не работат.

Американскиот претседател порача дека, според него, „апсурдната и бескрајна војна“ треба да заврши, додавајќи дека последиците од конфликтот ги чувствува целиот свет.

— реклама —

Трамп во изјавата повторно се осврна и на бројот на загинати во конфликтот, тврдејќи дека секој месец загинуваат околу 25.000 луѓе, главно војници.

— реклама —

За утре е најавена средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Американскиот претседател и претходно ја повикуваше Украина да ги запре нападите со беспилотни летала со долг дострел врз руските нафтени постројки, со образложение дека тоа би придонело за стабилизирање на енергетскиот пазар.

Во меѓувреме, цената на дизелот во САД во понеделникот достигна рекордни 6,51 долар за галон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Свет | пред 8 часа

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Трамп тврди дека Маск ги укинал ограничувањата, украинските дронови и натаму губат врска

Свет | пред 10 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

(Видео) Трамп почнал да испушта чудни звуци среде говор: „еех“, „пиу, пиу“ и „бум“

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања