Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп: „Си Џинпинг никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше медиумските извештаи според кои кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да зажали поради инвазијата врз Украина.

„Фајненшл тајмс“ објави дека Си наводно ја изнел таа оценка за време на разговорите со Трамп во Пекинг, во рамки на пошироките дискусии посветени и на војната во Украина.

— реклама —

Весникот, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со исходот од средбата меѓу Си и Трамп, наведе дека пораките на Кина во врска со Путин и одлуката за напад врз Украина биле поостри отколку претходно.

Сепак, Трамп пред новинарите изјави дека Си никогаш не кажал такво нешто.

— реклама —

„Никогаш не го рече тоа“, изјави американскиот претседател.

Трамп претходно соопшти дека за време на минатонеделната посета на Пекинг разговарал со Си Џинпинг за војната во Украина и дека двајцата се согласиле оти сакаат крај на конфликтот.

— реклама —

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин вчера започна дводневна посета на Кина.

Според Кремљ, Путин и Си Џинпинг ќе разговараат за проширување на билатералната соработка, како и за актуелните глобални прашања.

— реклама —

Рускиот претседател во Пекинг е придружуван од делегација составена од министри, бизнис-лидери и високи државни функционери, меѓу кои и гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина, како и директорите на големите енергетски компании „Гаспром“ и „Роснефт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Хакерски упад во тајната база на ФБИ, Трамп спомена можни нови сознанија за „руската измама“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп бара „Енвидија“ да го врати Џенсен Хуанг на чело на компанијата

Свет | пред 9 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Британските партии се дистанцираат од Трамп: Фотографијата со Путин предизвика остри реакции

Свет | пред 1 ден

media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања