Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Си и јас се согласуваме дека Иран не смее да има нуклеарно оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Доналд Трамп ја напушти Кина по завршувањето на разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

Трамп изјави дека со Си разговарале за Иран и дека двајцата лидери не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје, како и дека се согласни оти Ормутски теснец треба да остане отворен за пловидба.

— реклама —

„Решивме многу различни проблеми што други луѓе не би можеле да ги решат“, изјавил Трамп по средбата.

Разговорите се одржале во комплексот Жонгнанхај, каде што програмата вклучувала разговори на чај и работен ручек.

Во интервју за Fox News, Трамп изјавил дека Си му рекол оти Кина нема да испорачува воена опрема за Иран.

— реклама —

„Многу силно ми кажа дека нема да испорачуваат воена опрема за Иран“, рекол американскиот претседател.

Во врска со Ормутскиот теснец, Трамп изјавил дека Си му порачал: „Ако можам некако да помогнам, со задоволство ќе помогнам.“

— реклама —

Пекинг, пак, повика на целосно примирје на Блискиот Исток и што поскоро повторно отворање на Ормутскиот теснец, наведувајќи дека конфликтот „никогаш не требало да се случи“.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопштило дека Кина ќе продолжи да игра „конструктивна улога“ во мировните напори.

Трамп исто така изјавил дека добил ветување од Си за купување 200 големи авиони од Боинг, како и зголемен увоз на американска нафта и земјоделски производи.

— реклама —

Француската агенција AFP наведува дека оваа бројка е помала од претходно најавуваните можни нарачки за стотици авиони од моделите „737 MAX“, „787 Dreamliner“ и „777“.

Посетите на странски лидери во Жонгнанхај се ретки. Меѓу последните гости таму биле Барак Обама, Александар Лукашенко и Владимир Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Европските дипломати предупредуваат: Победа на демократите може дополнително да ги влоши односите со Трамп

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Анкетите најавуваат тежок пораз за Трамп, но колку се точни прогнозите?

Свет | пред 14 часа

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Трамп најави помилувања за своите соработници, подготвен да го заштити и Илон Маск

Свет | пред 18 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

(Видео) Трамп: Велат дека Кина нè шпионира, па и ние ги шпионираме нив – не грижете се

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања