Промени тема
Контакт

Трамп со остри пораки до Иран и Оман: „Немам рок, не ми се брза“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarysvffc27oj6didpTXe7P
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека Вашингтон има таен канал за комуникација со припадници на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), преку кој се водат разговори за можен прекин на војната и постигнување мировен договор со Иран.

Во телефонски разговор за „Фокс њуз“, Трамп порача дека Иран треба да покаже подготвеност за отстапки, додавајќи дека за Техеран „треба да се подигне белото знаме на предавањето“.

— реклама —

Иако денеска истече 60-дневниот рок, кој претходно беше поставен за постигнување траен договор за завршување на конфликтот и решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма, Трамп вели дека сè уште има време за дипломатија.

„Немам никаков рок. Не ми се брза“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

Трамп потврди дека американски претставници директно комуницираат со припадници на ИРГЦ преку таен канал. Тој ги опиша Иранците како „добри играчи на покер“, но додаде дека „умираат“.

Американскиот претседател истовремено ги отфрли тврдењата дека претстојните избори во САД влијаат врз неговите одлуки поврзани со воената стратегија.

— реклама —

Трамп испрати и остро предупредување до Оман во врска со неговата улога во разговорите со Иран. На прашањето за можноста Оман да ги попречи американските напори, тој порача дека Вашингтон би реагирал жестоко.

Тој се осврна и на Израел, оценувајќи дека најдобро би било да не се меша во израелските избори, иако остави отворена можност да поддржи одреден кандидат.

— реклама —

Во однос на Газа, Трамп порача дека Израел не треба да продолжи со напади додека траат напорите за спроведување на следната фаза од планот, која предвидува и разоружување на Хамас.

Трамп исто така ги отфрли стравувањата дека конфликтот може сериозно да ги намали американските резерви на оружје. Според него, досега е употребен само мал дел од американскиот воен потенцијал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 5 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања