Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп со порака до Иран: Ако не успеат преговорите, ќе продолжиме со воените операции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат во позитивна насока и дека постојат реални шанси за напредок, но предупреди дека САД ќе продолжат со воени активности доколку преговорите пропаднат.

„Водиме добри разговори и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека постојат добри шанси да се постигне нешто. Ако успееме, тоа ќе биде одлично. Ако не, ќе се вратиме на она што го правевме пред два дена“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ на пат кон сојузната држава Мичиген.

— реклама —

Тој тврди дека иницијативата за обновување на контактите дошла од иранска страна.

— реклама —

„Тие директно ни се обратија затоа што ги погодивме многу силно. Да немаше американски воени операции, Иран воопшто немаше да разговара“, рече Трамп.

— реклама —

На прашањето дали го губи трпението со преговорите, американскиот претседател одговори дека нема причина за тоа и додаде дека САД и Израел имаат целосно усогласен пристап кон Иран.

Во меѓувреме, агенцијата АП, повикувајќи се на регионални претставници, објави дека посредниците предводени од Катар и Пакистан постигнале значителен напредок во напорите повторно да ги вратат САД и Иран на преговарачка маса.

Според истите извори, посредниците се обидуваат да ги надминат разликите меѓу двете земји и да овозможат обновување на привремениот договор за прекин на огнот, кој пропадна по двонеделната ескалација на меѓусебните напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања