Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп тврди едно, Техеран друго: Неизвесна судбината на инспекциите во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Маријано Гроси, изјави дека инспекторите на агенцијата во иднина ќе ги посетат иранските постројки за збогатување ураниум, и покрај спротивставените ставови меѓу Техеран и Вашингтон околу тоа прашање.

Гроси призна дека во моментов постојат различни толкувања во врска со евентуалните инспекции, оценувајќи дека станува збор за „војна на зборови“.

— реклама —

„Можам да ги разберам политичките изјави, тие се дел од реалноста, но постои меморандум за разбирање потпишан од двете страни, кој јасно предвидува дека сите нуклеарни активности ќе бидат предмет на целосен надзор од ИАЕА“, изјави Гроси на прес-конференција во нуклеарната централа Фукушима Даичи во Јапонија.

Тој нагласи дека инспекциите се неизбежни, иако засега не е познато кога точно ќе започнат.

„Дали тоа ќе биде за два дена, за една седмица или за десет дена не е суштинското прашање. Тоа ќе се случи“, порача Гроси.

— реклама —

Од друга страна, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека Техеран не разговарал со Гроси за време на неговата посета на Швајцарија.

Според Гарибабади, евентуалните инспекции ќе можат да се разгледуваат исклучиво во рамки на конечен договор и само откако ќе бидат укинати санкциите и ќе бидат преземени конкретни чекори од другата страна.

— реклама —

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил на инспекции и дека американски инспектори ќе се приклучат на тимовите на ИАЕА при посетите на иранските нуклеарни објекти.

„Тие се согласија на тоа, се согласија со инспекторите“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Неговите тврдења директно се косат со ставот на иранското Министерство за надворешни работи, од каде претходно соопштија дека во моментов нема закажани инспекции на нуклеарните постројки оштетени во американските и израелските напади.

ИАЕА нема пристап до иранските постројки за збогатување ураниум од почетокот на 12-дневниот конфликт меѓу Израел и Иран во 2025 година.

Иран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубив карактер, иако според проценките на ИАЕА, земјата располага со значителни количества високо збогатен ураниум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 15 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања