Промени тема
Контакт

Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина мажи уапсени во близина на воздухопловната база РАФ Ферфорд во Британија, која ја користат американските сили, имале намера да предизвикаат „голема штета“.

„Беше фантастично. Соработувавме со Британија и работата беше завршена неверојатно добро. Ги имавме под надзор. Намерата им била да предизвикаат голема штета на нашата база, а соработката со Британците функционираше одлично. Долго време ги следевме и ги фативме“, изјави Трамп пред новинарите во САД.

— реклама —
— реклама —

Петтемина мажи беа уапсени откако полицијата добила пријава за три сомнителни комбиња кои се движеле кон базата во Глостершир. Тие се осомничени за прекршување на Законот за експлозиви и за подготовка на терористички чин.

— реклама —

Случајот го истражуваат британските антитерористички единици, а на местото беа испратени и специјализирани воени тимови за проверка на возилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања