Промени тема
Контакт

Тренчева-Боте: Дали институциите ја препознаваат силата на ноќната економија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
media-library8efr0v38m0cl0TYuBya

Креаторката на музичката платформа „Терапија“, Слободанка Тренчева-Боте, отвори јавно прашање дали институциите во земјава ја разбираат суштинската улога и потенцијалот на ноќната економија како дел од урбаниот и економскиот развој.

Со долгогодишно искуство во ноќниот живот и културната сцена, таа посочува дека додека светските метрополи креираат стратегии околу ноќната култура и ја третираат како важен сегмент од урбаната политика, кај нас, како што наведува, борбата сè уште се води на терен, без системска поддршка и визија.

— реклама —

Преку платформата „Терапија“, иницијативата има за цел да го премости јазот меѓу ентузијастите за ноќен живот, креаторите, индустриските мрежи и владините институции. Намерата, како што истакнува Тренчева-Боте, е да се изградат функционални врски што ќе овозможат посилен и одржлив екосистем на ноќната сцена.

— реклама —

Според неа, ноќниот живот не треба да се третира исклучиво како забава, туку како простор за културна продукција, иновации и економски раст. Целта е да се инспирираат нови пристапи во урбаната политика и ноќната економија да се издигне како фактор што придонесува за социјална кохезија и економска одржливост.

— реклама —

Со оваа иницијатива, прашањето за ноќната култура се поставува во поширок контекст – како дел од развојната стратегија на градовите, а не како маргинален сегмент што се регулира само преку рестрикции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

galetanovski

Галетановски: Амстердам спасува ноќен живот, Скопје го губи

Коментари | пред 5 месеци

— реклама —
zabava-skopje

(ВИДЕО) Хаос до сабајле со добра музика и пијачка, на Скопје очајно му фалел ноќниот живот: Првата вечер била маестрално одлична

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања