Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе предлог законски измени со кои се предвидува намалување на коефициентите за пресметка на платите на избраните и именуваните лица. Со овие измени се предвидува намалување на платите на функционерите за износ од 10 до 13 илјади денари. На социјалните мрежи се огласи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вели дека ова е лага.
„Ќе го намалат коефициентот на сложеност на функционерските плати за околу 8,9% само за да не ја зголемат минималната плата на 600 евра и останатите плати за најмалку 6000 денари.
И не си ги намалуваат платите за 12.000 до 13.000 денари, лажат.
И не се за работниците, против работниците се“, вели Трендафилов.