Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

ССМ утре со 21 синдикалец ќе ја блокира Владата: „Минимална плата од 600 евра или генерален штрајк“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со точно 21 синдикален претставник, во рамки на третата активност од втората фаза синдикални притисоци за зголемување на работничките плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека бројот од 21 учесник е избран согласно Законот за јавни собири, како законски минимум за блокирање институција или сообраќајница.

— реклама —

„Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат и ќе ги оцрнуваат. Не се откажуваме сѐ додека не се зголеми минималната плата на 600 евра и не се зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, рече Трендафилов.

Според него, блокадата е реакција на тоа што Владата и работодавачите не постигнале договор до 31 декември 2025 година за зголемување на минималната плата. Тој посочи дека, иако работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари, побарале временски период да бидат ослободени од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување во износ од околу 3.000 денари по работник.

— реклама —

Трендафилов оцени дека одбивањето на ова решение, според ССМ, го чини државниот буџет најмалку 10 милиони евра месечно, односно околу 120 милиони евра годишно.

— реклама —

Тој нагласи дека вредноста на синдикалната минимална кошница во меѓувреме се зголемила за 9.250 денари, што, според него, значи дека четиричлено семејство е посиромашно за истиот износ.

Во однос на можен генерален штрајк, Трендафилов најави дека ССМ е пред донесување одлука за 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор на територија на целата држава.

— реклама —

„Секој работник ќе има право да дојде на работа, но да не ги извршува работните задачи и да ни се придружи на протестот. Колку повеќе излезат, толку повеќе ќе добијат“, изјави тој.

Одлуката за евентуалниот генерален штрајк, како што посочи, ќе биде донесена по утрешната блокада, пред или по седницата на Владата. Синдикатите очекуваат Владата да ја искористи можноста и на седница да донесе одлука за зголемување на платите и за прифаќање на нивните предлози.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања