Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Трет ден без вода жителите на Кондово и Свиларе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
nema-voda

Веќе три дена делови од Кондово и Свиларе се без вода. Нема ниту техничка. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не соопштуваат детали колку ќе трае дефектот и кога се очекува да заврши санацијата. Жителите се револтирани и предупредуваат на радикални мерки.

Велат, недозволиво е во 21 век да се три дена без вода.

— реклама —

„Ова е неприфатливо, не се толерира. Три дена без вода е ненормално. Тотално сме парализирани, не можеме да функционираме. Од Водовод ни велат дека ќе испратат резервоари за вода за пиење. Но, водата за пиење е најмал проблем бидејќи може да се купи и во продавниците, но што да се прави со другите технички работи, перење алишта, тушеви, садови и многу други потреби за домаќинството“, вели жител на Кондово.

„Немам коментар, навистина е неподнослива ситуација. Децата треба да се мијат, да се подготват за на училиште, работниците за на работа…, ова само кај нас се случува“, вели друг жител на Кондово.

— реклама —

Во меѓувреме, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштуваат дека се работи за голем дефект на цевка Ф-400 и оти се работи на отстранување на дефектот, но без да прецизираат кога се очекува да заврши санацијата.

— реклама —

Извор: Алсат 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања