На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.
Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.
Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.