Промени тема
Контакт

Трета недела без одговори и одговорност за трагедијата во Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-2

Трета недела одминува од катастрофалната автобуска несреќа во која 45 лица трагично ги загубија животите, а власта на СДСМ и ДУИ нема одгвоор како е возможно автобус без извод од лиценца 140 пати да ја напушти границата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР и Царина молчат како е можно табличката на кобниот автобус на Беса Транс да не постои?

— реклама —

За каква правна држава може да стане збор кога од несреќата до денес надлежниот инспекторат нема направено увид во компанијата и изготвено извештај?

Молчат и од Обвинителство и нема никаква реакција. 45 лица прерано ги изгубија животите, а од надлежните институции нема никаква реакција, иако има огромен број пропусти, злоупотреби на системот и основано сомнение за криминал.

— реклама —

Очигледно власта и институциите кријат и штитат криминал. Во нормална држава уште првите денови ќе имаше барем оставки, понесување на морална и политичка одговорност. Спрегата на власта и обвинителството мисли дека со развлекување ќе го забошотат и овој случај како во случајот со трагедијата со модуларната болница. Веројатно бараат нов продолжен кабел кој ќе биде виновникот и за оваа трегедија.

— реклама —

За власта на СДСМ и ДУИ човечкиот живот не значи ништо. Но народот гледа и тоа ќе го казни“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања