Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба, опфатени повеќе населени места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Третото вонредно прскање против комарци на територијата на Општина Гази Баба заврши во 3 часот утрово, а во текот на ноќта екипите поминаа низ повеќе населени места и делови од општината.

Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека со акцијата биле опфатени Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и Железара.

— реклама —

Прскањето било реализирано во координација меѓу Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, со цел навремено и ефикасно превентивно дејствување и заштита на здравјето на граѓаните.

— реклама —

„Институциите функционираат, институциите се координирани и институциите постапуваат“, порача Стефковски, изразувајќи благодарност до сите екипи што во текот на ноќта биле на терен.

Тој нагласи дека станува збор за континуирана активност, а не за еднократна акција. Засилените превентивни активности против комарци ќе продолжат и во следните денови, согласно состојбата на терен и препораките на надлежните институции.

— реклама —

Од Општина Гази Баба посочуваат дека ќе продолжи координацијата меѓу институциите, следењето на состојбата и преземањето на потребните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања