Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тревога за Арсенал: Винисиус го пропушти тренингот на Реал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
Screenshot-2024-12-18-at-08.54.22

Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор сè уште не им се приклучил на тренинзите на Реал Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите околу неговата иднина во шпанскиот клуб.

Според „Дејли мејл“, во Реал очекувале крилниот напаѓач да се врати во тренажниот процес пред крајот на месецот, откако со репрезентацијата на Бразил го заврши настапот на Светското првенство со елиминација во осминафиналето.

— реклама —

Сепак, Винисиус сè уште не се појавил во тренинг-центарот, додека неговите претставници се обидуваат да ги обноват преговорите со Реал за продолжување на договорот.

— реклама —

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот од претстојната сезона, поради што сè почесто се зборува за можно заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Според англиските медиуми, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и би можел да се обиде да го искористи евентуалниот застој во преговорите меѓу Винисиус и Реал Мадрид.

— реклама —

Во меѓувреме, Реал е блиску до ангажман на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, во трансфер вреден 120 милиони евра.

— реклама —

Диоманде и Винисиус ги застапува истата агенција – Roc Nation, а според „Дејли мејл“, токму големата маркетиншка и комерцијална вредност на бразилската ѕвезда ќе биде еден од главните адути на неговите претставници во преговорите со Реал.

Сепак, евентуалното доаѓање на уште еден врвен офанзивец дополнително ќе ја засили конкуренцијата во нападот на мадридскиот клуб, што би можело да влијае врз конечната одлука на Винисиус за неговата иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 1 седмица

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 1 седмица

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања