Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Трговија со дете – петмина под истрага: Родила седмо дете, па го дала за 5000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bebe-stomak

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Според описот во диспозитивот на наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Трговија со дете“.

Кон средината на минатата година, две од осомничените и непознато машко лице, заедно и по претходен договор со осомничената која била бремена со своето седмо дете и се наоѓала во тешка финансиска состојба презеле дејствија со цел да извршат незаконито посвојување на нејзиното новороденче за сума од околу 5000 евра. Двете од кои едната била евидентирана како згрижувач на деца, во повеќе наврати финансиски ѝ помагале на осомничената трудница исплаќајќи ѝ пари за месечни трошоци во висина од 250-270 евра, а за да ја следат здравствената состојба на бебето ѝ плаќале и ѝ организирале лекарски гинеколошки прегледи во Куманово и Скопје. Во меѓувреме ја запознале со осомничениот брачен пар кој требало незаконски да го посвои детето. По породувањето, брачниот пар ја однеле на нотар каде потпишала изјава со која го признава првоосомничениот за татко на новороденчето и му го дава старателството, доброволно оставајќи го на чување, воспитување и издржување. Веднаш потоа осомничениот брачен пар ѝ исплатил 4000 евра, а подоцна кога го побарала детето да ѝ го вратат, првосомничениот ја одбил нудејќи ѝ уште 1000 евра и укажувајќи ѝ дека со потпишаната изјава таа веќе се откажала од него.

— реклама —

Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи мерки кои судот ги прифати и определи мерка притвор за првоосомничениот и родилката, додека на останатите три лица им определи мерка куќен притвор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 4 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 месец

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања