„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Три години затвор за кумановката Филиповиќ која усмрти пешак кај МНТ - казната е под минимумот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-10-09-at-13.54.12

Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ и изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат најзадоволни од пресудата кога ќе допридонесе да се случуваат во иднина вакви несреќи.

— реклама —

„Немаме право да ја обжалиме пресудата на Апелација. За тоа колку сме задоволни – највеќе ќе бидеме задоволни кога нема да се случуваат вакви сообраќајки. Во поглед на постапката беше коректно водена, имавме активна улога да предлагаме докази. Сметаме дека во разумен рок и брзо заврши постапка“, адвокат Јована Малезанска за „Скопје1“.

Казната од три години која ја изрече судијката Илиевска-Јосифовиќ е под законскиот минимум, бидејќи Кривичниот законик предвидува најмалку четири години затвор за ова кривично дело. Ваквата судска одлука, судијката ја правдаше со олеснителни околности, дека станува збор за млада личност, покажала покајание, коректност, не била осудувана, а и сама изгубила ќерка на сличен начин во сообраќајка.

— реклама —

Во јануари минатата година кумановката Филиповска, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето минатиот месец рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже оти најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже оти вината е кај обвинетата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања