Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Три лица и фирма во стечај пријавени за даночно затајување од над 23 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Македонија
danok

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против три физички лица и едно правно лице поради сомневање за даночно затајување, со кое, според истрагата, бил оштетен државниот буџет за 23.252.988 денари.

— реклама —

Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје против ополномоштено лице, како и против сопственичката и управителката на правно лице кое сега е во стечај, и самиот правен субјект.

— реклама —

Според Финансиската полиција, пријавените во текот на 2022 и 2023 година преземале дејствија со кои избегнале пресметување, пријавување и плаќање на законските даночни обврски, со намера да стекнат противправна имотна корист.

Како што информираат од Управата, без соодветно покритие биле подигнати 8.912.345 денари од сметката на фирмата. Дополнително, не биле евидентирани позајмици кон физички лица во вредност од 21.742.806 денари како непризнаени расходи за даночни цели, ниту застарени обврски од 148.489.312 денари биле прикажани како приходи во даночниот биланс за 2023 година.

— реклама —

Финансиската полиција наведува и дека неосновано била присвоена трговска стока евидентирана на залиха, во вредност од 14.937.751 денар, без да бидат подмирени соодветните даночни обврски.

— реклама —

Со овие дејствија, според пријавата, биле избегнати плаќања на данок на личен доход, данок на добивка и данок на додадена вредност во вкупен износ од 23.252.988 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Присвоил повеќе од 41,5 милиони денари од јавни давачки наплатени при регистрација на возила – кривична за управител на друштво за технички прегледи

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

Се задолжил со милиони, па се обидел да ја однесе фирмата во стечај за да не ги плати долговите, вели Финансиската полиција која открива шема

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryha29tpubltbk19n01fm

Директорката за финансии и сметководство и шефицата за финансиски работи во Државна лотарија уапсени за проневера од речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања