Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Присвоил повеќе од 41,5 милиони денари од јавни давачки наплатени при регистрација на возила – кривична за управител на друштво за технички прегледи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm
Илустрација / Скопје1

Управител на друштво за технички прегледи на моторни возила е осомничен дека во период од четири години противправно присвоил повеќе од 41,5 милиони денари од јавни давачки наплатени при регистрација на возила.

— реклама —

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против М. Н., поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“.

— реклама —

Според истрагата, осомничениот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, користејќи ги овластувањата на друштвото, противправно присвојувал средства наплатени од граѓани и правни лица при регистрација на моторни возила.

На овој начин, според Финансиската полиција, на друштвото му прибавил противправна имотна корист од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

— реклама —

Дополнително, во текот на 2022 и 2024 година, осомничениот наводно извршил незаконски отпис на јавни давачки во износ од 17.090.623 денари, со цел да ги прикрие неправилностите.

— реклама —

Со тоа, според пријавата, во сметководствената евиденција бил намален долгот кон надлежните институции и биле прикажани помали обврски по основа на јавни давачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

Се задолжил со милиони, па се обидел да ја однесе фирмата во стечај за да не ги плати долговите, вели Финансиската полиција која открива шема

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryha29tpubltbk19n01fm

Директорката за финансии и сметководство и шефицата за финансиски работи во Државна лотарија уапсени за проневера од речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 4 седмици

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања