Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Три лица уапсени поради превоз на огревно дрво без соодветни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryohlb4smmju8u88ve12h
ФБ

Три лица се лишени од слобода откако полицијата при контрола во атарот на велешкото село Теово пронашла товарно возило натоварено со огревно дрво, од кое дел било без жиг, а дел било обележано со жиг.

— реклама —

Според МВР, на 7 октомври, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н. (53) од село Лисиче, С.К. (33) од село Горно Врановци и Б.К. (57) од Велес.

— реклама —

При контролата, на местото викано „Присој“ било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки. За дел од дрвата Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација.

— реклама —

Од МВР информираат дека дрвата кои имале жиг биле обележани со службен „чекан“ што на двајцата мажи им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител. Дрвата и останатите предмети биле одземени, а по целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 2 часа

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 77-годишен пешак откако во него удри автомобил

Македонија | пред 3 часа

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Автомобил излетал од патот и удрил во дрво во Велес, тешко повредени две лица

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања