Три скопски општини од следната година ќе обезбедат бесплатни училишни униформи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
gaz

Кисела Вода, Гази Баба и Бутел се трите скопски општини кои најавија дека од претстојната учебна 2023/24 година ќе им обезбедат на основците бесплатни училишни униформи.

— реклама —

Општина Кисела Вода обезбеди средства во својот буџет во висина од 5 милиони денари кои ќе се потрошат на униформи, како дел од стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите деца.

— реклама —

- Во услови кога социјалните разлики се многу изразени, огромните разлики во финансиската моќ на родителите знаат да биде извор на поделби, па дури и булинг, Општина Кисела Вода излегува со мерка која треба да овозможи намалување на нееднаквостите во училиштето, и обезбедување на атмосфера во која учениците ќе можат целосно да се фокусираат на своето образование, без разлика на својот економски статус, соопшти прес-скужбата на општината.

— реклама —

6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба исто така ќе добијат бесплатна униформа.

- Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците. Постапката за набавка на училишните униформи е во тек, а од буџетот на општина Гази Баба се определни 12.000.000 денари, информираат од оштина Гази Баба.

Општина Бутел од претстојната учебна година за прв пат ќе обезбеди униформа за секој ученик од општинските основни училишта. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

- Ова е уште една мерка во низата мерки кои се превземени во изминатиот период се со цел да се овозможат подобри и еднакви услови за сите, порача вчера првиот човек на општината Дарко Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања