Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле пријавени три случаи на семејно насилство врз жени.

— реклама —

На 5 април 2026 година во 06:30 часот, 50-годишна жена од скопско пријавила во СВР Скопје дека околу 01:00 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б. (52). Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Претходно, на 4 април во 02:40 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г. (26), откако околу 01:30 часот физички ја нападнал својата 25-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Истиот ден, во 01:00 часот, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 4 април нејзиниот сопруг Г.П. (52) ѝ упатувал закани. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување.

Во Штип, пак, на 4 април во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.Б. (35) од Штип, по пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал својот 64-годишен татко, при што му нанел тешки телесни повреди. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

tepacka

Драма во Ѓорче Петров: Тројца мажи извлекле скопјанец од автомобил и го претепале

Скопје | пред 5 часа

— реклама —
media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

Детали за тепачката пред „Јане Сандански“: Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Скопје | пред 6 часа

pistol-zapl-2

Двајца познаници нападнале 76-годишник во неговиот дом, го удриле со кундак од пиштол и му украле пари

Скопје | пред 6 часа

semejno-nasilstvo

Со години ја малтретирал сопругата, па ја нападнал и ја избркал од домот во Гази Баба – уапсен 39-годишен скопјанец

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања