Трифун Костовски: Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
trifun

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели бизнисменот Трифун Костовски, едне од акционерите на Еуростандард Банка, по вчерашната информација дека Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.

— реклама —

Костовски додава:

— реклама —

Денес 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај.

Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.

Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка.

По мене мојата колумна објавена на 13.10. 2020 на порталите, првенствено Инбокс7, Либертас и останатите беше повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави, вели Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања