„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Cvetan-Tripunovski-13.11

„Јас се насочувам кон активирање на младите во земјоделскиот сектор. Тоа ќе биде преку низа на мерки кои што ќе ги понудиме како конфинансирање, како стимул за влегување во секторот, и кои што ќе продолжат да го движат процесот за произведување на храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

— реклама —

„Наредната година ќе имаме неколку сет на мерки кои што ќе значат сериозни грантови за поддршка при имплементација на земјоделски бизниси во државата“, заклучи министерот.

Тој посочи дека ќе се врати рентабилноста на производството.

— реклама —

„Секој млад земјоделец кој што ќе сака да влезе во процесот не му се доволни само 10.000, 20.000 па и 50.000 евра грант. Младиот земјоделец сака тоа што ќе го произведува да има регулација, да се следи процесот, и да има кај да го продаде. Математиката да биде во плус, да има рентабилност во продажбата. Така ќе имаме предвидливост на процесот“, заклучи министерот.

„Ние мораме како земјоделска држава која што треба да произведува квалитет и квантитет, да анимираме и нова енергија во целиот процес“, нагласи тој.

Министерот Трипуновски додаде дека преку различни мерки и програми ќе покаже како Македонија се насочува да се движи низ еден патоказ што значи земјоделска држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Министерството им излезе во пресрет на оризопроизводителите со дополнителна мерка

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-28-103145

Објавени 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Македонија | пред 11 месец

Cvetan-Tripunovski-25.12

Трипуновски: За два дена се изврши исплата од над 1,7 милијарди денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024

Македонија | пред 1 година

tripunovski-crnagora

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања