Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции е составена од тројца еминентни меѓународни експерти со долгогодишно искуство во областа на кардиологијата и кардиохирургијата.
Член на комисијата е д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, редовен професор по кардиохирургија на Универзитетот во Удине и визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во Соединетите Американски Држави. Тој располага со богато професионално искуство во областа на трансплантацијата на срце и е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни медицински списанија.
Во составот на комисијата е и д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, кој има повеќегодишно искуство на раководни позиции во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Тој е доктор на науки на Универзитетот во Марибор и автор на бројни научни и стручни трудови од областа на кардиоваскуларната хирургија.
Трет член е д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство во Одделот за кардиологија – единица за коронарен третман при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Тој е доктор на биомедицински науки и бил ангажиран како истражувач во реномираниот медицински центар „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес, САД.