Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тројца тинејџери во Германија уапсени поради планирање терористички напади на бегалци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
policija-germanija

Германските безбедносни служби спроведоа голема акција против екстремнодесничарска организација осомничена за подготовка на терористички напади. По наредба на Сојузното обвинителство во Карлсруе, биле уапсени тројца германски државјани на возраст од 14 и 15 години, а истовремено биле извршени претреси на десет локации низ Германија.

— реклама —

Тројцата се осомничени за членство во забранетата организација „Терор 18“, чија цел, според обвинителството, била извршување тешки напади насочени против уставниот поредок на Германија.

— реклама —

Според германските медиуми, групата веќе имала разработено конкретни планови за напад врз објект за сместување бегалци во покраината Долна Саксонија. Меѓу планираните дејствија биле подметнување пожари, насилни напади и целни убиства на странци и политички противници.

Од Сојузното обвинителство соопштија дека членовите на групата го отфрлале демократскиот и политичкиот поредок на Германија и сакале да предизвикаат страв и несигурност кај населението.

— реклама —

Покрај тројцата уапсени, истрага е отворена и против уште три лица осомничени за членство во организацијата. Обвинителството предупредува дека кај припадниците на групата е забележан висок степен на радикализација, која се одвивала со голема брзина.

— реклама —

Името „Терор 18“ содржи симболика карактеристична за екстремнодесничарските кругови, во кои бројот 18 ги претставува иницијалите на Адолф Хитлер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

germanija-1

Смртоносна концентрација на гас во стан во Германија, пет лица го загубија животот, меѓу нив три деца

Свет | пред 3 дена

— реклама —
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија извезува повеќе струја, но и натаму увезува повеќе и плаќа поскапо

Свет | пред 3 дена

media-libraryqrluegs2e0e36Z3vGM4

Во болница во Берлин избувна пожар, полицијата се сомнева дека еден пациент запалил кревет

Свет | пред 3 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Германија ги тестира новите борбени дронови во близина на границата со Белорусија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања