Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тројца уапсени за смртоносните експлозии пред домовите на политичари во Солун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
policija-grcija

Грчката полиција утринава спроведе антитерористичка акција во Солун и на островот Крит, при што се уапсени три лица осомничени за поставување импровизирани експлозивни направи пред домови на членови на владејачката партија Нова демократија. Во нападите, што се случија на 1 јули, животот го загуби една жена, а четири лица беа повредени.

— реклама —

Од грчката полиција соопштија дека операцијата ја спроведува Секторот за борба против тероризмот и дека, покрај апсењата, се вршат претреси во повеќе објекти и возила.

— реклама —

„Досега се уапсени три лица, а претресите сè уште се во тек. Дополнителни информации ќе бидат соопштени во текот на денот“, наведуваат од полицијата.

Според грчките медиуми, станува збор за двајца мажи и една жена, кои и претходно ѝ биле познати на полицијата поради нивни анархистички активности.

— реклама —

Експлозиите се случија во раните утрински часови на 1 јули, кога во период од само 17 минути беа активирани три импровизирани експлозивни направи на различни локации во Солун. Цел на нападите беа домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, поранешниот пратеник Савас Анастасиадис и партиската кандидатка Афродити Нестора.

— реклама —

Најтешки последици имаше експлозијата пред домот на Нестора, каде што беа повредени пет лица, меѓу кои и кандидатката и нејзините родители. Нејзината 72-годишна мајка, Ваја Нестора, подоцна им подлегна на повредите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 22 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања