Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тројца загинати во судир на катамаран и едрилица кај хрватскиот брег, потрагата по едно лице продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryl9afo3op1r4u2TfQMN8

Три лица загинаа, а по едно лице сè уште се трага по судирот меѓу патнички катамаран на хрватска приватна компанија и едрилица што се случил меѓу островите Шолта и Брач, соопшти хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура.

Едрилицата, која пловела под француско знаме, потонала по судирот, а во тек е обемна спасувачка операција за пронаоѓање на исчезнатото лице.

— реклама —

Според хрватските медиуми, четворица чешки државјани биле пренесени во болница во Сплит и сите се надвор од животна опасност.

— реклама —

Од Министерството соопштија дека пријавата за несреќата била примена од Капетанијата во Сплит, по што веднаш биле известени Националниот центар за координација на потрага и спасување на море во Риека и надлежните служби, кои започнале акција за спасување.

Во моментот на несреќата на патничкиот катамаран „Крило Еклипс“ се наоѓале 118 патници и седум членови на екипажот. Бродот пловел на редовна линија кон островот Брач.

— реклама —

По несреќата, компанијата откажа повеќе редовни линии.

Надлежните служби продолжуваат со истрагата, а причините и околностите што довеле до судирот и потонувањето на едрилицата засега не се познати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 5 дена

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 6 дена

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања