Промени тема
Контакт

„Трпе Деаноски од членарините на синдикалците организира луксузни екскурзии на Јадранот, имало и привилегирани“, вели Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarytpu43al9skrb9BgQZGK

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција обвини дека претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, за кои, според него, биле потрошени околу 60.000 евра од членарините на синдикалците.

— реклама —

На прес-конференција, Петрушевски оцени дека раководството на ССМ и УПОЗ се оддалечува од работниците и, наместо да се фокусира на заштита на работничките права, организира активности кои ги нарече луксузни.

„Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле четири дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој посочи дека, според информации добиени од, како што рече, разочарани членови на синдикатот, предност за учество на настанот добивале членови блиски до СДСМ.

— реклама —

Петрушевски побара Деаноски јавно да одговори дали на спортските игри биле наградени лица кои претходно учествувале на протестите организирани од него и од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според пратеникот, ССМ и УПОЗ губат членство, а доколку продолжат со ваков начин на работа, ризикуваат да се претворат во организација на привилегирани поединци, наместо во синдикати кои ги застапуваат интересите на работниците.

— реклама —

„Работниците во Македонија заслужуваат чесно и одговорно синдикално претставување, а не синдикални функционери кои од нивните членарини прават луксузи“, порача Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykj7rhft3jabp22DIV3I

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0309m0hbvukerWzKfp

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb34ptsam9jrk6pMoGXg

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања