Телото најдено во Штип при ископ е на штипајнецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше шест месеци. По него трагаше семејството, а синот Тони Димитриевски јавно објави апел преку кој бараше информации за неговиот син. Непознато е дали имало траги на насилство, а телото е дадено на обдукција. Истото било речиси на површината, неофицијално, покриено со гранки.
Во рок од еден месец, минатото лето исчезнале три лица, пишува „Фокус“, меѓу кои бил и Димитриевски. По три месеци од исчезнувањето беше најдено телото на Драгица Ристевска (74). По штипјанецот Драган Стојанов (40), кој исчезна четири дена пред Славе, односно на 10-ти август, се уште се трага.
Детали за трупот најден во Штип: мажот претходно бил исчезнат и се трагало по него
Денеска (22.02.2025)во 09.46 часот во СВР Штип било пријавено дека при вршење ископ при извршување градежни работи во круг на јавно општинско претпријатие било пронајдено тело на починато машко лице.По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Македонија | пред 1 година